Грешка
  • XML Parsing Error at 1:443. Error 4: not well-formed (invalid token)

Во рамки на своите редовни средби со пензионерите, градоначалникот на општина Пробиштип во текот на денешниот ден го посети пензионерското здружение од Злетово.

На средбата, Градоначалникот даде краток осврт на сработеното од страна на Локалната самоуправа во претходниот период, а воедно ги запозна пензионерите и со плановите за наредните неколку месеци задржувајќи се на проектите кои се планираат да се реализираат во Злетово и околните села.

Повеќе...

По повод новогодишните и божиќните празници, Општина Пробиштип, по втор пат, распиша конкурс за најновогодишно украсени дворни места, тераси и деловни објекти во Пробиштип и Злетово, со што сака да ги мотивира нашите сограѓани да ги украсат своите живеалишта и деловните објекти со што ќе дадат придонес во новогодишното украсување на Пробиштип и Злетово.

Повеќе...

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со:

1. ДУП за УБ 12.1, ГП.бр.121.23, КП.бр.1002/17во централно подрачје на град Пробиштип, намена на објектот: Г2- лесна и незагадувачка индустрија, Одлука број 07-994/3 од 29.06.2011 (Сл.гласник бр. 31/2011) што се наоѓа во индустриската зона на ул.Миро Барага во Пробиштип

2. ДУП за УБ 12.1, ГП.бр.121.24, КП.бр. 1002/18 во централно подрачје на град Пробиштип, намена на објектот: Г2- лесна и незагадувачка индустрија, Одлука број 07-994/3 од 29.06.2011 (Сл.гласник бр. 31/2011) што се наоѓа во индустриската зона на ул.Миро Барага во Пробиштип

Повеќе...

Во четвртокот, на 19 јануари на градскиот плоштад имаше промоција на општините од источниот плански регион. Ова е активност по утврден календар на настани, односно денови на промоција на регионот, усвоени од страна на Советот за развој на ИПР. Пробиштип и овојпат се покажа како добар домаќин и добар организатор на настани и манифестации.

Повеќе...

И годинава во водите на Злетовска река и на градскиот базен во Пробиштип беше фрлен светиот крст. По крстот во ледената вода и на двете места се капеа триесетина наши сограѓани. Настанот и овојпат привлече големо внимание, па така месноста Пешка и Аква паркот во Пробиштип беа преполни со посетители.

Повеќе...

На 14 јануари, на Василица во хотелот „Црешово топче“ се оддржа традиционалната хуманитарна вечер „Василичен коктел“, четиринаесетти по ред. И годинава традиционалните помагатели , Советот на општина Пробиштип, Рудниците „Индо минерали и метали“ и фабриката за акумулатори „ВЕСНА САП“, оваа година надополнети со „Деница промет“ ДООЕЛ, „Миробор“ ДООЕЛ, „Ицо комерц“ДООЕЛ, Гого – транс ДООЕЛ, Авто мото друштвото од Пробиштип, „Дами пак“ ДООЕЛ и „Алпина деј“ ДООЕЛ, помогнаа во собирањето на парични средства, кои ќе се наменат за наши сограѓани на кои паричната помош им е најнеопходна во моментот.

Повеќе...

Во текот на вчерашниот ден, Заменик Министерот за одбрана Г-дин Емил Димитриев додели стипендија на нашиот сограѓанин Методија Методиевски од Злетово во износ од 70.000 денари. Како што истакна Заменик Министерот, доделувањето на оваа стипендија е со цел поддршување на децата без родители кои имаат амбиции да ги продолжат своите студии.

Повеќе...

Пробиштип на Facebook
Follow Us on Twitter
Probistip YouTube Channel